Search

Хари Костов: Ако се утврди кој наредил да ме прислушкуваат ќе барам отшета

Главниот извршен директор на Комерцијална банка и поранешен премиер и министер за внатрешни работи, Хари Костов сведочеше денеска во случајот „Таргет Тврдина“.

Тој рече дека своевремено до СЈО имал поднесено барање за информација дали ми биле незаконски прислушкувани неговите телефонски разговори.

-Поднесов барање и бев повикан на состанок во СЈО. Барањето го поднесов бидејќи имав сомневање дека и моите телефонски броеви се прислушкувани. Во СЈО ми беа презентирани докази дека моите два телефонски броеви биле прислушкувани. Дел од прислушкуваните разговори се кога сум бил надвор од земјава, кога директори од другите Оддели во банката ме барале за издавање на гаранции за учество на фирми на тендери на јавни набавки кога банката требала да им издаде гаранција. Таквите прислушкувани разговори можеле да направат штети кај фирмата која барала гаранција од нас. Тие информации тој што прислушувал можел да ги даде на другата страна. Ако се утврди на крај дека оштетата треба да ја плати државата тогаш не барам оштета. Но, ако се утврди налогодавачот тогаш ќе барам отштета и ќе ја донирам во хуманитарни цели, рече Костов.

На претходното рочиште свои искази дадоа повеќе сведоци, меѓу кои политичари и новинари кои зборуваа за тоа како и кога дознале дека биле цел на прислушување.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и неколку вработени во поранешната УБК кои се обвинети за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година. Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ, додека обвинението е застапено од обвнителската тројка Трајче Пеливанов и Ленче Ристовска.

Треба да знаете
Последни објави