Search

Хари Кејн ќе паузира до март поради повреда на глуждот

Напаѓачот на „Тотенхем“, Хари Кејн ќе биде надвор од терените до средината на март поради тешка повреда на глуждот, добиена за време на мечот против „Манчестер Јунајтед“ (0:1) викендов на „Вембли”.

Отсуството на Кејн е многу сериозен удар за амбициите на „петлите”. Тимот продолжува да се бори за место во Лигата на шампионите следната година, а моментално се трети со 48 поени. На тимот му претстои реванш против „Челзи“ во полуфиналето на Лига Купот на Англија, откако првиот натпревар беше освоен со 1:0 на „Вембли” токму со погодокот на англискиот репрезентативец од пенал.

Кејн е еден од најдобрите стрелци во Премиер лигата оваа сезона со 14 гола во 22 натпревари. Тој има 19 гола во 30 натпревари од почетокот на тековната кампања во сите натпреварувања

Треба да знаете
Последни објави