Search

Хари и Меган споделија фотографија од бебето Арчи

Војводата и војвотката од Сасекс објавија фотографија од нивниот син Арчи за да го прослават Денот на татковците.

На фотографијата, Арчи кој е роден пред шест недели, го држи за рака принцот Хари. Ова е прва фотографија на која одблизу се гледа лицето на кралското бебе.

 


Фотографијата е објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на Sussex Royal со опис: „Среќен Ден на татковците и посебен прв Ден на татковците на војводата од Сасекс“.

Арчи Харисон Маунтбатен – Виндзор е прво дете на Хари и Меган.

Треба да знаете
Последни објави