Search

Хари и Меган последните обврски како кралски претставници ќе ги извршат в март

Британскиот принц Хари и Меган Маркл ќе ги преземат своите последни јавни должности како високи членови на кралското семејство на крајот на февруари и во март, по што и официјално ќе бидат ослободени од должностите, објави денеска кралската телевизија Ај-ти-ви.

Уредникот на медиумот, Крис Шип, повикувајќи се на извори во Бакингемската палата, тој рече дека принцот Хари и Меган по 1 април повеќе нема да имаат канцеларија таму.

Во јануари оваа година, Хари и Меган го најавија своето повлекување од кралските должности.

Треба да знаете
Последни објави