Search

Хари и Меган за првиот јавен настап по „Мегзит“ добиле 500.000 долари?

Принцот Хари и Меган  за првиот настап во јавноста по „Мегзит“ добиле 500.000 долари, шпекулираат медиумите.  Според Њујорк пост, тие имале кратко излагање на алтернативен инвестициски самит во Мајами, а нивнот кратко излагање на бината го најавила  најдобрата пријателка на Опра Винфри, Гајл Кинг.

„Хари зборуваше за менталното здравје и за тоа како оди на терапија последниве години за да ја надмине траумата на губење на мајка си. Тој рече дека настаните од неговото детство оставиле белег врз него и дека зборувал со професионалец за ментално здравје. Тој се осврна и на ‘Мегзит“, велејќи дека било многу тешко и за него и Меган, но дека не жали за својата одлука затоа што сакал да го заштити семејството. Тој не сакаше Меган и нивниот син Арчи да поминат низ она што го поминал како дете “, јавуваат медиумите повикувајќи се на упатени извори.

Исто така, на самитот била и Меган, која кратко се обратила и зборувала исклучиво за нејзината љубов кон сопругот.

Изворот додава дека нивниот настап на самитот бил обвиткан во тајност и дека тие биле најавени како говорници на самитот. Засега не е познато дали Меган и Хари, кои објавија дека сакаат да бидат финансиски независни, биле платени да присуствуваат на самитот.

Изворот тврди дека тие дошле на настанот со приватен авион и најверојатно останале во вилата на Серена Вилијамс во Палм Бич. Серена и Меган се блиски пријателки. Експертот за брендирање Марк Борковски смета дека најверојатно добиле половина милион долари за да се појават на самитот.

Ова не е прв пат Хари да зборува за менталното здравје. Во интервју за „Телеграф“ во 2017 година, тој рече дека „ги исклучил сите емоции“ две децении пред да побара стручна помош.

Откако го напиштија своите позиции во кралското семејство, Меган и Хари живеат на островот Ванкувер со нивниот син Арчи.

Треба да знаете
Последни објави