Search

Харисон Форд стана портпарол на хуманитарна организација

Тој е страствен пилот со години.

Холивудската легенда Харисон Форд својата љубов кон летањето ја пренасочи во хуманитарни цели. Тој стана гласноговорник на непрофитната организација „Ерлинк“ за помош при катастрофи, која сега доставува опрема за лична заштита среде пандемија на Ковид-19.

Форд (78) штотуку сними нова реклама за организацијата, која пренесува волонтери со авиони и ги снабдува областите погодени од катастрофа.

„Здраво, јас сум Харисон Форд и сакам да ви кажам зошто решив да ја поддржам Ерлинк, организација за која веројатно никогаш не сте чуле “, вели тој во кусата видео-реклама.

„За 10 години од своето основање, Airlink реагираше на 90 катастрофи, пренесе приближно 7.000 хуманитарни работници и стотици тони витални залихи. Airlink стана партнер со над 130 непрофитни организации, заштедувајќи им приближно12 милиони американски долари со обезбедување летови за нивниот персонал и пакети, наместо да плаќаат за воздушен транспорт.“

Среде пандемија на коронавирусот, „Ерлинк“ доставува над 6,5 милиони предмети за лична заштитна опрема и медицински лица доброволци во тешко погодените, кревки заедници, вели Харисон во рекламата.

Треба да знаете
Последни објави