Search

Харисон Форд се повреди на снимањето на „Индијана Џонс 5“

Планетарно популарниот актер Харисон Форд, кој наскоро ќе наполни 79 години, се повредил снимајќи акциони сцени во новиот филм за авантурите на Индијана Џонс.

Актерот го повредил рамото и ќе мора привремено да го прекине снимањето, објави продукциската куќа „Дизни“.

-Повторувајќи сцени на борба, Харисон Форд го повреди рамото. Ќе биде потребно распоредот на снимање да се измени во неделите кои доаѓаат, се наведува во соопштението.

Засега не се објавени никакви поединости за околностите под кои се случила несреќата, ниту за сериозноста на неговата повреда.

Снимањето на петтиот, последен дел од авантурите на Индијана Џонс, започна минатиот месец во Велика Британија. Се очекува филмот да излезе на лето 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави