Search

Харден го урна рекордот на Коби Брајант – 57 поени за триумф над Мемфис

Изгледа дека повредите на неговите соиграчи само дополнително го мотивираат Џејмс Харден, кој откако дозна дека Крис Пол ќе пропушти подолг период од сезоната изгледа сѐ погладен за успех. Синоќа тимот на Мемфис Гризлис налета на уште една спектакуларна партија на „Брадата“.

Тимот на Хјустон Рокетс, благодарение на Џејмс Харден, го одбрани домашниот терен и го порази составот на Мемфис Гризлис со резултат 112:94.

Џејмс Харден постигна 57 поени и стигна до 17-от натпревар по ред во кој постигнува повеќе од 30 поени, со што го сруши рекордот на Коби Брајант, кој имаше 16 такви натпревари во серија. Отсуството на Клинт Капела беше забележливо, но за среќа на Рокетс, Даниел Хаус шутираше одлично и со 15 поени му помогна на тимот да дојде до победа.

Иако се очекуваше Марк Гасол да го искористи отсуството на Клинт Капела и да го наполни кошот на Рокетс, сепак тој постигна само 5 поени и зад себе остави разочарувачка партија. Единствените светли точки во составот на Гризлис синоќа беа Мајк Конли и Герет Темпл, кои натпреварот го завршија со по 14 постигнати поени.

Останати резултати:

Бруклин Нетс – Бостон Селтикс 109:102

Сан Антонио Спарс – Шарлот Хорнетс 93:108

Јута Џез – Детроит Пистонс 100:94

Сакраменто Кингс – Портланд Трејл Блејзерс 115:107

Лос Анџелес Клиперс – Њу Орлеанс Пеликанс 117:121

Треба да знаете
Последни објави