Search

Харден го реши Денвер, Лејкерс славеше против Далас

Хјустон ја забележа својата десетта домашна победа во низа, славејќи со 125-113 во дерби-дуелот на Западната конференција против екипата на Денвер.

Гостинскиот состав допатува во Хјустон со серија од пет победи по ред, но немаше шанси за успех откако не успеа да го неутрализира Џејмс Харден. Суперѕвездата на „ракетите“ стигна до 32 поени и 14 асистенции, имаше одлична помош и од Капела, кој нанижа 31 поен, премногу за Денвер да може да одговори и да стигне до триумф.

ЛА лејкерс славеше на гостински терен против Далас со 97-107, иако во своите редови „езерџиите“ се уште не можат да сметаат на Леброн Џејмс. Брендон Инграм беше најзаслужен за синоќешната победа со 29 поени, додека кај Далас прв стрелец повторно беше Лука Дончиќ со 27 поени.

Сан Антонио триумфираше на гостувањето против Детроит, што беше вкупно 1221. победа на Крег Попович на клупата на спарси, со што тој се израни со Џери Слоун на третото место на листата на тренери со најмногу триумфи во НБА. Пред легендарниот стратег моментно се наоѓаат само Дон Нелсон и Лени Вилкенс.

Резултати НБА: Детроит – Сан Антонио 107-119, Бостон – Бруклин 116-95, Хјустон – Денвер 125-113, Милвоки – Јута 114-102, Њу Орлеанс – Мемфис 114-95, Далас – ЛА Лејкерс 97-107, Портланд – Њујорк 111-101, Сакраменто – Орландо 111-95.

Треба да знаете
Последни објави