Search

Харадинај: Ќе ставиме крај на хаосот со игрите на среќа

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека состојбата во индустријата на игри со среќа во земјата е хаотична и дека ќе бидат преземни мерки за нејзино средување, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај по денешната седница на Владата најави дека набргу ќе се воспостави законска основа за решавање на проблемите во таа област, а за почеток надлежните ресори изготвуваат концепт-документ.

– Наша цел е да воведеме некаков ред со тие места за игри на среќа, бидејќи веќе е претерано со нив, станаа како печурки кои никнуваат насекаде низ Косово. Има случаи на криминал, самоубиства и проблеми и не можеме да дозволиме веќе да продолжи така, изјави Харадинај.

Треба да знаете
Последни објави