Search

Харадинај: Таксите позитивно влијаат на домашното производство

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај изјави дека таксите од 100 проценти на производите од Србија и Босна и Херцеговина позитивно влијаат на домашното производство.

На саемот за земјоделство, Харадинај изјави дека таксата од 100 проценти не треба да се искористи за поскапување, туку како можност за зголемување на домашното производство и квалитет.

Иако се работи за првите денови по воведувањето на таксата и сѐ уште постојат залихи, првите податоци говорат дека таксата позитивно влијае на порастот на домашното производство. Производството на градежните производи порасна за 20 отсто, а преработувачката на хигиенските производи од хартија за 40 проценти. Имаме нагласен пораст во производството на сокови, вода, масло и пилешко месо од 10 до 20 отсто. Исто така, производството на лековите порасна за 10 отсто“, рече Харадинај.

Тој додаде дека ова ќе влијае и на порастот на бруро домашниот производ и на бројот на вработени.

Важно е ова да влијае на зголемување на капацитетите и квалитетот. Таксите ќе се укинат, вели Харадинај, кога Србија ќе го признае Косово и тогаш би биле еднакви на пазарот.

Харадинај рече дека косовската влада е посветена на исполнување на обврсите од ЦЕФТА, но само како рамнноправна страна, пренесе „РСЕ“.

Треба да знаете
Последни објави