Search

Харадинај се сретна со пошничката државен секретар на САД Кирстен Медисон

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја прими денеска во својот кабинет помошничката државен секретар на Соединетите Американски Држави задолжена за меѓународни прашања за наркотици и владеење на правото, Кирстен Мeдисон, на која ѝ се заблагодари за постојаната американска поддршка за јакнењето на безбедносните капацитети на земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на Фејсбук по средбата со Медисон, Харадинај порача дека „со безрезервната поддршка на стратешките партнери, како што се САД”, Косово забележа „суштински напредок во консолидација на безбедносните механизми, како и во владеењето и спроведувањето на законот”.

– На помошничката државен секретар за меѓународни прашања за наркотици и владеење на правото (ИНЛ) на САД, Кирестен Медисон ѝ се заблагодарив за постојаната американска поддршка за јакнењето на капацитетите на полицијата, обвинителството и другите наши безбедносни институции. Косово, во соочувањето со меѓународните безбедносни предизвици, е кредибилен партнер и секогаш на страната на своите стратешки парнтери, напиша Харадинај.

Треба да знаете
Последни објави