Search

Харадинај: Признавањето на Косово од Словачка ќе ја зајакне регионалната стабилност

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по денешниот работен појадок со словачкиот министер за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ Мирослав Лајчак, изјави дека признавањето на независноста на Косово од страна на Словачка би претставувало директен придонес за безбедноста и стабилноста на целиот регион.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Харадинај рече дека со Лајчак и неговите соработници разговарале за билатералните односи и за соработката меѓу двете земји, „посебно на заедничкиот пат кон евроатлантските интеграции”, како и за соработката со Мисијата на ОБСЕ во Косово.

– Му се заблагодарив на министерот Лајчак за неговиот јасен став против размена на териториите и нагласив дека признавањето на Косово од сите земји членки на Европската унија, посебно од Словачка, ќе претставува директен придонес за безбедноста и стабилноста на целиот регион, изјави Харадинај

Треба да знаете
Последни објави