Search

Харадинај поднесе оставка од лидерското место во партијата

Рамуш Харадинај пред неколку месеци поднесе оставка од премиерската функција, а сега и на лидерското место во партијата Алијанса за иднината на Косово.

До изборот на ново раководство на партијата, Харадинај ќе ја извршува функцијата вршител на должност претседател на Алијанса за иднината на Косово.

– Поднесов оставка на лидерското место во партијата. Тоа го направив на последното собрание што го одржавме. Ќе ја извршувам должноста само до партиските избори, изјави Харадинај.

Тој истакна дека се поставени нови изборни критериуми во партијата на сите нивоа, кои меѓудругото, се однесуваат и на организирање пет одделни ограноци во Приштина.

Треба да знаете
Последни објави