Search

Харадинај: НАТО има право на свое мислење

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека трансформацијата на косовските безбедносни сили во војска е интерен процес кој е во склад со косовскиот Устав.

Харадинај го изјави ова еден ден откако генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја предупреди Приштина дека сега не е време за формирање војска и дека ако не се откаже од планот ќе се соочи со последици.

Формирањето војска во текот на следните недели е внатрешен процес, во склад со најнапредниот Устав во светот. Устав кој ги содржи сите вредности на демократијата“, рече Харадинај во Парламентот.

Тој додаде дека косовските власти разговарале со сите заинтересирани страни за формирање на војска.

„НАТО има голема тежина и може да изрази ислење, но Косово е убедено дека никогаш нема да ги доведе во прашање односите со таа воена алијанса“, рекол Харадинај.

Треба да знаете
Последни објави