Search

Харадинај: Косово e подготвено да ѝ помогне на Турција со оперативни единици на ФСК

 Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај вели дека Косово е подготвено да ѝ помогне на Турција во регионите погодени од силниот земјотрес со хуманитарна помош и со абгажирање на оперративните единици на своите Безбедносни сили (ФСК), јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку објава на својата страница на Фејсбук, каде што изрази сочувство за загинатите и повредените во земјотресот, Харадинај порача дека во оваа трагедија Косово стои покрај Турција.

– Со вознемиреност ја примив веста за земјотресот во градот Елазиг во Турција. Го изразувам нашето најискрено сочувство до турската држава, граѓаните и семејствата на жртвите и им посакувам брзо оздравување на повредените во овој трагичен настан. Моите мисли и молитви се со сите граѓани таму. Косовските институции се подготвени за потребната хуманитарна помош, вклучително и оперативните единици на ФСК. Во оваа трагедија Косово стои покрај пријателската држава Турција, напиша Харадинај. 

Треба да знаете
Последни објави