Search

Харадинај: Зошто да се укине таксата, ако со неа и покажуваме на Србија каде и е местото

Косовскиот прмиер Рамуш Харадинај изјави дека нема да се дозволи укинувањето на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и од Босна и Херцеговина да биде услов за продолжување на дијалогот со Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај во интервју за ТВ21 рече дека доколку е таксата поважна од дијалогот со Србија, таа нема да се укине никогаш.

– Доколку таската е поважна од дијалогот, никогаш нема да ја укинеме, никогаш! Ако таксата претставувала проблем, никогаш нема да ја укинеме. Ако преку таксата и покажуваме на Србија каде ѝ е местото, зошто да ја укинуваме. Тие не сакаат да не признаат, тие не сакаат соседски односи, сакаат ние да им ја купуваме стоката, а тие да ни поставуваат услови за да одиме на преговарачка маса, изјави Харадинај.

Тој го отфрли условувањето на шефицата на дипломатијата на Европската унија, посредничката во дијалогот меѓу Приштина и Белград, Федерика Могерини, која деновиве изјави дека дијалогот ќе продолжи единствено кога косовската Влада ќе ја повлече одлуката за таксата.

– Ако Могерини не сака, тогаш воопшто нека не повикува на дијалог, рече Харадинај.

Треба да знаете
Последни објави