Search

Харадинај задоволен од начинот како косовскиот преговарачки тим настапи во Брисел

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска се сретна со копретседателите на државниот тим за преговори со Србија, лидерот на Социјалдемократската иницијатива (Нисма) и вицепремиер Фатмир Лимај и првиот човек на Социјалдемократската партија (ПСД) и градоначалник на Приштина, Шпенд Ахмети, кои го информираа за нивната завчерашна посета на Брисел и текот на разговорите со претставниците на Европската унија.

Харадинај, како што јави дописникот на МИА од Приштина, изрази признание за, како што вели, „одличното претставување” на делегацијата при оваа нејзина прва посета на седиштетот на ЕУ во својство на тим за преговори.

– Информативна средба со копретседавачите на Државната делегација за преговори со Србија, Фатмир Лимај и Шпенд Ахмети, за текот на посетата во Брисел. На Државната делегација ѝ честитав за одличното претставување на ставовите на Косово пред официјалните претставници на ЕУ за дијалогот со Србија. Постигнувањето сеопфатен договор со соседната држава, што значи меѓусебно признавање на двете држави, му обезбедува на Косово место во ОН и другите меѓунарoдни организации. Косово, посеветено на цврст мир и стабилност, решително се залага за целосна нормализација на односите со Србија, соопшти Харадинај.

По завчерашната посета на Брисел и состаноците со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и други претставници на Унијата, кои посредуваат во дијалогот меѓу Приштина и Белград, Лимај и Ахмети изјавија дека на средбите го повториле ставот на Владата на Косово дека таксата на увозот од Србија и Босна и Херцеговина нема да бидат укинати се додека Белград не се откаже од агресивната и деструктивна политика кон Косово и не ја признае неговата независност.

Треба да знаете
Последни објави