Search

Хаос на француското дерби: Прекинат мечот, Паје погоден со шише (ФОТО)

Ова е веќе трет прекин во Франција сезонава поради дивеење на навивачите.

Дерби колото во Франција, кое се играло во Лион, е прекинато во четвртата минута од натпреварот, кога францускиот репрезентативец и играч за врска на Марсеј, Димитри Паје, беше удрен со шише во главата, додека изведуваше корнер.

Судијата минута подоцна го прекина натпреварот. Поради инцидентот ги пратил фудбалерите во соблекувалната. За среќа на Паје, тој не се здобил со сериозна повреда. Му била укажана помош на теренот. Ова е веќе трет прекин во Франција сезонава поради дивеење на навивачите.

 

Треба да знаете
Последни објави