Search

Хаос во Детроит: Леброн намерно го удри Стјуард во глава, овој го бркаше по терен

Леброн Џејмс не го доигра натпреварот против Детроит поради неспортскиот чин кој го режираше на гостувањето во „Литл Сезарс“ арената, па токму поради неговиот потег, неверојатниот пресврт на Лос Анџелес Лејкерс остана во втор план.

„Езерџиите“ со страшна четврта четвртина која ја добија со 37:17 режираа пресврт и победија со 116:121 против Детроит, средба која сепак ќе се памети по немилата сцена и огромниот хаос кој настана во третата четвртина.

Мечот беше во прекин неколку минути, а причина за тоа беше намерното удирање во глава кое го изведе Леброн Џејмс, по кое жртва беше Ајзеа Стјуарт.

„Кралот“ Џејмс го раскрвари Стјуарт со недоличниот потег и предизвика неизмерен бес кај играчот на Детроит, кој во продолжение беше сопиран од сите свои соиграчи за да не влезе во физичка пресметка со противникот. Стјуарт во неколку наврати го бркаше Леброн и се обиде да стигне до него, но иако имаа потешкотии, соиграчите успеаја да го додржат и спречија поголем скандал.

Поради намерното удирање, Леброн доби исклучување, а без него на паркетот, Лејкерс оствари победа благодарение на извонредната завршница на мечот и големиот пад на домаќините.

Треба да знаете
Последни објави