Search

Хан: Пристапните преговори кон ЕУ ќе траат подолго од претходно

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан,  изјави дека во иднина преговорите за пристап кон Европската Унија ќе траат подолго од претходно, бидејќи како што посочи поважен е квалитетот од брзината.

„Квалитетот пред брзината“, изјави Хан и додаде дека членството на Унгарија и Романија „покажало многу нешта“. Еврокомесарот за проширување истакна дека ЕУ извлекла поука од досегашните пристапни процеси.

Во однос на прашањето за Западен Балкан, Хан изјави дека процесите кои ги поттикнуваат на Западен Балкан би требало да добијат многу поголемо ниво неповратност кога станува збор за воспоставување на владеење на правото и борбата против корупцијата.

Треба да знаете
Последни објави