Search

Хан в понеделник во посета на Приштина

Комесарот за европска политика на соседство и проширување, Јоханес Хан, в понеделник ќе го посети Косово за да разговара со приштинските власти за воведените тарифи на српската стока, најави Европската комисија.

Како што пишува приштинскиот весник „Зери“, Хан ќе побара од Приштина укинување на одлуката за зголемување на данокот за 100 отсто на стока од Србија и БиХ.

-Тој ќе го повтори ставот на ЕУ за укинување на одлуката и ќе ја нагласи потребата од фокусирање на подобрување на добрососедските односи и регионалната соработка, на која се обврзале партнерите од Западен Балкан, се наведува во одговорот од канцеларијата на ЕУ за „Зери“.

Посетата на Хан следи по неодамнешната одлука на косовските власти да наметнат даноци на стоките од Србија и Босна и Херцеговина.

Треба да знаете
Последни објави