Search

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но во неговата родна земја, Австрија, Народната партија (ОВП) на поранешниот премиер Себастијан Курц, од која и самиот доаѓа, не сака да плаќа за буџетот на Унијата.

„Постојат одредени задачи што треба да ги исполниме, а земјите членки ги бараат. Фокусот е ставен на заштита на надворешната граница и создавање на ефективна агенција за заштита на границата со околу 10.000 луѓе. Тоа не може да се направи без пари“, рече Хан во интервју за виенскиот весник „Естерајх“.

Тој истакна дека ваквите дополнителни задачи ќе чинат и дека нацрт-буџетот предвидува сè, како тие желби, така и излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

„Ако дополнителните трошоци се споредат со населението, тогаш тоа значи, дека по жител дополнителнот трошок ќе биде во висина на едно ‘кафенце’ дневно“, објаснил Хан, кој е уверен дека ќе се постигне компромис по ова прашање.

Треба да знаете
Последни објави