Search

Хан:Мир и стабилност на Балканот можат да се постигнат само низ европска перспектива

Правно-обврзувачки договор меѓу Белград и Приштина е неопходен, па дури и клучен за регионот, оцени европскиот комесар за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Тој се надева дека постигнувањето на правно обврзувачка спогодба меѓу Белград и Приштина ќе доведе до тоа петте земји-членки на Европската Унија (ЕУ), кои не го признаваат Косово, да ја разгледаат својата одлука.

,,Заедничката позиција за Балканот во ЕУ е таква да или извезуваме стабилност или внесуваме нестабилност. Искуството ни покажа дека мирот и стабилноста во Балканот можат да се постигнат само преку европска перспектива”, рече Хан.

Коментирајќи ја позицијата на Шпанија кон Косово, Хан истакна дека Шпанија придонесе за стабилноста на регионот.

,,Имаме стратешки договори со Косово. Мораме да дозволиме Косово и Србија да дојдат до договор, а ако се постигне тоа, ќе видиме кои се следните чекори”, рече Хан.

Треба да знаете
Последни објави