Search

Хамнеи: Протестите во Иран се заговор

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, масовните протести против зголемувањето на цените на бензинот ги нарече „заговор“.

Хамнеи ова го рече обраќајќи им се на членовите на Револуционерната гарда, кои помагаат во разбивање на демонстрациите, пренесува АП.

Хамнеи ги обвини САД делумно, не нудејќи докази за да го поддржи своето тврдење.

Иранската влада сè уште не достави никакви статистики за повреди, апсења или смртни случаи за време на протестите кои траат од 15 ноември.

Амнести интернешнл тврди дека во немирите загинале најмалку 143 лица, што Иран го оспорува.

Треба да знаете
Последни објави