Search

Хамнеи поддржа одлука за поскапување на бензинот во Иран

 Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, денеска ја поддржа одлуката за зголемување на цената на горивата, порди која има протести во неколку градови низ Иран.

Ајатолах изјави за државната телевизија дека не е стручен и дека има различни мислења, но дека ја поддржува одлуката на шефот на државата, претседателот на парламентот и шефот на судските власти. Во обраќањето тој ги нарече демонстрантите „насилници” поттикнати од странски непријатели на насилство.

Тој додаде дека неколку луѓе биле убиени и неколку места уништени.

Иранската влада во петокот објави зголемување на цената на горивото од најмалку 50 проценти.

Горивото досега чинеше 10.000 ријали, или помалку од осум евро-центи.Новата цена е 13 центри за литар односно 50 центи за галон и е најниска во светот.

Треба да знаете
Последни објави