Search

Хамнеи: Иран никогаш нема да преговара со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД и политиката на Вашингтон темелена на „максимален притисок” врз Техеран ќе пропадне, изјави денеска иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи.

-Иранските официјални претставници никогаш нема да разговараат со САД… тоа е дел од нивната (американска) политика да врши притисок врз Иран … нивната политика на максимален притисок врз Иран ќе пропадне, рече Хамнеи во телевизиското обраќање.

Иранските власти вчера соопштија дека нема да има состанок меѓу иранскиот претседател Хасан Рохани и неговиот американски колега Доналд Трамп на претстојното Генерално собрание на ОН во Њујорк, откако Белата куќа во неделата ја остави отворена можноста за потенцијална средба на лидерите.

-Таков настан ( состанок Трамп-Рохани во Њујорк) не е на нашиот дневен ред, нити ќе се случи. Таква средба нема да се одржи, изјави вчера портпаорлот на иранското МНР Абас Мусави за државната телевизија.

Треба да знаете
Последни објави