Search

Хамнеи го критикува Макрон за неговите забелешки за исламот

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, жестоко го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон во врска со неговите неодамнешни забелешки за исламот, нарекувајќи ги глупави и прашувајќи зошто е во ред да се навредува пророкот Мухамед, но е незаконски да се сомневаш во Холокаустот, пренесува РТ.

Карикатурите на пророкот се сметаат за богохулие од страна на побожните муслимани. Макрон го бранеше објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед како слобода на говорот.

Во изјавата упатена до „младите Французи“ во средата, Хамнеи рече: „Прашајте го вашиот претседател зошто поддржува навреда на божјиот гласник во име на слободата на изразување“.

Тој, исто така, постави прашање во врска со очигледен двоен стандард во Франција кон различни религии. Хамнеи е последниот муслимански лидер кој го изрази својот бес кон западните сфаќања за исламот во војната на зборови што избувна по обезглавувањето на францускиот професор Самуел Пети во Париз на 16 октомври.

Нападот на иранскиот лидер врз Макрон се случува во услови на обновување на напнатоста меѓу Франција и другите арапски нации, откако сатиричното француско списание „Шарли ебдо“ со карикатура на насловната страница го исмеа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој исто така го критикуваше објавувањто на карикатурите на пророкот Мухамед.

Во средата, Малезија стана последната во низата муслимански нации што ги осуди обидите за дефамација на исламот. Лидерите во Турција, Пакистан, Мароко, Иран, Египет, Кувајт, Јордан и Катар се меѓу оние кои го критикуваа Макрон и презедоа мерки, вклучително и бојкот против француските производи.

Треба да знаете
Последни објави