Search

Хамилтон: Со дводневните викенди во Ф1 воздухот 22 дена ќе биде помалку загаден

Пилотот на Формула 1 тимот Мерцедес, актуелниот шампион во најбрзиот „циркус“ Луис Хамилтон зборуваше за употребата на дводневен формат во етапите на Формула 1.

Годинава, Формула 1 веќе го тестираше овој формат. Петочните тренинзи на Нирбургринг беа откажани поради лошите временски услови. Исто така и во Имола ќе има трки само во сабота и недела.

-Пократок викенд ќе ја направи Ф1 повозбудлива. Плус, дополнително 22 дена во една година, 20 автомобили ќе се тркаат на патеката и ќе го загадат воздухот и планетата, изјави шесткратниот светски шампион.

Сепак, треба да се слушне и мислењето на промоторите, бидејќи тие продаваат билети за петочни тренинг трки. Многумина не можат да си дозволат билети за целиот викенд, но имаат можност да ги гледаат Формула 1 болидите барем во петок за поевтин билет.

Треба да знаете
Последни објави