Search

Хамилтон прв на тренингот во Бразил за стотата пол позиција на „Мерцедес“

Светскиот шампион во Ф1, Луис Хамилтон ја освои 100. пол-позиција за „Мерцедес“ на ГП на Бразил на патеката „Интерлагос“, а пилотот на „Ферари“, Себастијан Фетел го задржи второто место, иако беше повикан кај стјуардите и помина само со предупредување по инцидентот при мерењето на болидот.

Пол позицијата на дождливата патека во Сао Пауло е рекордна 82. во кариерата на Хамилтон и 10. сезонава во која тој ја освои својата петта светска титула. „Мерцедес“ утре ќе ја освојат и титулата во конкуренција, освен ако „Ферари“ не успее да освои 13 поени повеќе од нив.

Валтери Ботас, колегата на Хамилтон, ќе стартува како трет, пред својот фински сонародник Кими Раиконен во „Ферари“.

Фетел пак, беше повикан да се „објасни“ со стјуардите откако го мереше болидот во втората фаза пред да почне дождот. Возачот на Ферари ја „прегази“ рампата и гестикулираше луто да се побрза со мерењето пред да си замине. ФИА официјално преку соопштение призна дека вагата е „уништена“. Фетел беше казнет со 25.000 евра за инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави