Search

Хамилтон не очекува големи промени во врвните тимови

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон верува дека во блиска иднина составот на врвните тимови ќе остане стабилен. Претходно, тој беше поврзан со можен трансфер во Ферари на местото на Себастијан Фетел.

– Мислам дека во врвните тимови нема да има многу движења. Секако, не знам кој има договори. Но, мислам дека нема да има многу транзиции. Мислам дека ќе има нешто слично на моменталната состојба. И не можам да знам кој е идниот план на Фетел, изјави Хамилтон за „Скај спортс”.

За мене е важно да бидам јас. Луѓето велат: „Таму и таму можете да добиете слобода”. Но, јас не би одел таму каде што не би можел да бидам јас. Кога се преселив во Мерцедес, тогаш тие го разбраа. Имаме кул спонзори, освоивме многу првенства, трки. Ова е вистинска привилегија: да се биде посакуван од одличен тим. Одлично чувство. Се надевам дека ќе продолжам да придонесувам за успех, додаде Британецот.

Хамилтон е актуелен шампион во Формула 1 и прв фаворит за трофејот во новата сезона.

Треба да знаете
Последни објави