Search

Хамилтон најбрз и на вториот тренинг пред Големата награда на Бахреин

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз на денешниот втор тренинг пред трката во Формула 1 за Големата награда на Бахреин.

Седумкратниот светски шампион оствари резултат од 1:28.971 минути. Тој беше најбрз и на првиот тренинг што се одржа порано денеска.

Втор на вториот тренинг беше Макс Верстапен од Ред Бул (1:29,318), додека трет беше возачот на Мерцедес, Валтери Ботас (1: 29,336).

Возачот на Расинг Поинт, Серхио Перез беше четврти, а петтото место го освои Даниел Рикардо од Рено. Шести беше Пјер Гасли од Алфа Таури, а седми беше Ландо Норис од Мекларен.

Возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Чарлс Леклерк ги зазедоа 12-то, односно 14-то место.

Вториот тренинг беше прекинат во два наврати, првиот пат поради несреќата на Александар Албон од Ред Бул, кога удри во заштитната ограда, а вториот пат откако куче втрча на патеката.

Третиот тренинг се одржува итре пред квалификациите, што почнуваат во 15 часот.

Трката за Големата награда на Бахреин е на програмата в недела од 15.10 часот.

Треба да знаете
Последни објави