Search

Хамилтон најбрз во Шпанија

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена за Големата награда на Шпанија.

Второто место го освои неговиот клупски колега Валтери Ботас, додека трет заврши Макс Верстапен од Ред бул.

Од четвртата до десеттата позиција се пласираа: Себастијан Фетел, Шарл Леклар од Ферари, Пјер Гасли (Ред бул), Кевин Магнусен (Хаас), Карлос Саинс (Мекларен), Даниел Квјат (Торо Росо), Ромен Грожан (Хаас).

Во генералниот поредок, по пет трки оваа сезона, води Хамилтон со 112 бод апред Ботас кој има 105.

Следната трка од Ф1 шампионатот ќе се вози на 26 мај во Монте Карло.

Треба да знаете
Последни објави