Search

Хамилтон му се приближи на Верстапен со триумф во Катар

Актуелниот светски првак Луис Хамилтон победи вечерва на трката за Големата награда на Катар и со тоа го намали заостанување зад водечкиот во генералниот пласман во Формула 1, Макс Верстапен, на осум бодови спроти завршните две трки во оваа сезона.

Триумфот на патеката Лосаил на Британецот Хамилтон (Мерцедес) му ја донесе 102. победа во кариерата и вкупно седма оваа сезона.

Хамилтон стартуваше од пол-позицијата, која ја зачува со сигурно возење во текот на целата трка.

Верстапен, кој поради казна трката место од втората ја почна од петтата позиција, заврши зад Хамилтон, а трет беше Фернандо Алонсо, кој се искачи на подиумот за прв пат од 2014 година.

До крајот на сезоната преостануваат уште две трки, а претпоследната е на програмата за две недели со премиерата во Саудиска Арабија на патеката во Абу Даби.

Верстапен води во генералниот пласман со 351.5 бодови, додека Хамилтон е втор со 343.5 бодови.

Треба да знаете
Последни објави