Search

Хамес преминал бесплатно во Евертон

Колумбискиот играч за врска Хамес Родригез преминал бесплатно од Реал Мадрид во Евертон.

Ова станува јасно од изјавата на претставник на неговиот поранешен тим Банфилд од Аргентина, каде тие очекуваа процент од износот што беше објавен во медиумите во висина од 25 милиони евра.

Банфилд се распрашал дали ќе добијат нешто според механизмот за солидарност и стана јасно дека Хамес отишол во Евертон како слободен агент.

– За жал, нема да добиеме ништо, соопштија од Банфилд, цитиран од Goal.com

Треба да знаете
Последни објави