Search

Хамес може да ја продолжи кариерата во Наполи

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Хамес Родригез може да замине во Наполи, јавува Би-би-си, повикувајќи се на шпански „АС”.

Според изворот, 28-годишниот Колумбиец не ја исклучува можноста да се пресели во италијанскиот тим, кој сакаше да го ангажира уште минатата година.

За фудбалерот е заинтересиран и Атлетико.

Родригез во сезоната 2019/20 настапи на 14 натпревари за Реал Мадрид, има еден гол и две асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com” ја проценува цената на фудбалерот на 32 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави