Search

Хамас истрела над 400 ракети кон Израел, израелските авиони возвратиле со повеќе од сто напади

Палестинските милитанти за два дена кон Израел лансирале над 400 ракети, а израелските авиони извршиле повеќе од сто бомбардирања врз цели во Газа во изминативе два откако двете страни го нарушија примирјето во неделата вечерта поради акцијата на израелските специјални сили кои убија седум Палестинци.

Разгореното насилство се заканува да ги уништи заедничките напори на ОН, Египет и на Катар за постигнување мировен договор за Блискиот Исток.

Хамас, исламистичкото движење што управува со Газа и други вооружени фракции, преку границата лансирале над 400 ракети и минофрлачки гранати што е најмногу по конфликтотот во Газа во 2014 година.  Израелската војска обајви видео на кое може да се види како проектили на Хамас завршуваат во станбени згради на израелска територија.

Ова се смета за одмазда за акцијата на израелските специјални сили во Газа, во која беше убиен еден од командантите на Хамас и шест други члена на движењето. Во таа операција загина и еден израелски војник.

Израел одговори со десетици воздушни напади врз разни цели вклучувајќи го и седиштето на разузнавачката служба на Хамас и телевизијата „Ал-Акса“, чии работници однапред добиле предупредување од израелската армија да се евакуираат.

Треба да знаете
Последни објави