Search

Халки и Халкбанк ги едуцираа малите тенисери од Cherry Cup Skopje за важноста на штедењето за нивната иднина

Детски жагор и смеа, навивање и бодрење, но и многу спортски жар на деца кои сонуваат еден ден да станат тениски шампиони. Ова е сликата од меѓународниот детски тениски турнир „Cherry Cup Skopje“ кој, со придржување до пропишаните мерки за заштита, од 13 до 17 октомври се одржа на тениските терени на тенискиот клуб АБЦ во Скопје. Учесници беа млади тенисери на возраст од 5 до13 години, од кои некои можеби еден ден ќе станат големи тениски имиња.

Станува збор за прв и единствен спортски и едукативен турнир, кој во Скопје се одржува по вторпат, и сличен на натпреварите што се организираат во Белград, Умаг и Дубровник, со цел да се издигне статусот на детскиот тенис и да им се помогне на најмладите од најрана возраст да се вклучат во светските спортски движења. Во рамките на настанот се одржаа 6 турнири, организирани според возраста на децата, во машка и женска конкуренција, од кои 5 беа со сингл и дабл издание.

Паралелно со натпреварувачкиот дел, во текот на турнирот имаше и едукативни работилници и дружби за малите тенисери. Една таква дружба беше организирана од Халкбанк како еден од спонзорите на настанот.За време на дружењето, претставници на банката ги споделија со децата и родителите основните информации за детското штедење.Се зборуваше за предностите на штедењето, вредноста на парите, како и за начините за ефективно штедење со што овие, сега мали тенисери, во иднина би можеле да имаат доволно средства кои ќе им овозможат адекватен напредок во нивната национална, но и интернационална кариера.

Халкбанк дополнително на победниците, момче и девојче, на еден од турнирите им додели ваучери за детско штедење во износ од 2500 денари.

Треба да знаете
Последни објави