Search

ХалкБанк открива факти за програмата, наградите, лауреатите и почесните гости на фестивалот „Браќа Манаки“ во изминативе 40 години

Со традиција од цели 40 години и голема посетеност од страна на филмските љубители, годинава се одржува ново издание на интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“, во Битола, а како еден од главните спонзори, ХалкБанк одвојува 40 факти за овој инспиративен фестивал кои секој треба да ги знае.

Во овој текст ќе обрнеме внимание на факти поврзани со програмата, наградите и почесните гости на култната филмска манифестација:

  1. Стожер на фестивалската програма е „Камера 300“ — конкуренцијата на долгометражни филмови од најновата европска и светска продукција.
  2. Директорите на фотографија на филмовите се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300. Тоа се официјални фестивалски награди што ги доделува меѓународно жири составено од пет члена.
  3. Фестивалот доделува и награда за животно дело „Златна камера 300“ и специјална „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност.
  4. По постхумно доделената „Златна камера 300“ за животно дело на Милтон Манаки на 17. фестивал во 1996 година, а следната и Златните камери 300 за животно дело на македонските доајени – кинематограферите Љубе Петковски и Бранко Михајловски, во следните изданија до денес, лауреати на овие вредни награди, на првата, станаа кинематограферите – великани на светската филмска уметност како: Свен Никвист, Анри Алекан, Фреди Френсис, Хозе Луис Алкаине, Јержи Вујчик, Раул Кутар, Виторио Стораро, Вадим Јусов, Мирослав Ондричек, Тонино Дели Коли, Валтер Карваљо, Михаил Балхаус, Вилмош Жигмонд, Били Вилијамс, Питер Сушитски, Данте Спиноти, Анатолиј Петритски, Лучано Товоли и Крис Менџис.
  5. Од 36тото издание на фестивалот беа воведени две нови натпреварувачки програми – Нов европски филм, во која се прикажуваат први или втори играни филмови на европски режисери, како и СЕЕ Камера, во која акцентот се става на регионалната кинематографија.
  6. Натпреварувачки карактер има и програмата на краток филм, каде се наградува најдобриот кинематограф.
  7. Студентската програма е посветена на младите таленти — студенти на филмски академии и школи во целиот свет.
  8. Во рамките на Фестивалот, како придружни настани се организираат работилници, семинари, дебатни сесии, изложби, конференции и слично.
  9. Фестивалот бил посетен од многу познати личности од културниот, општествениот и политичкиот живот вклучувајќи ги и светските филмски ѕвезди: Мајкл Јорк, Чарлс Денс, Викторија Абрил, Дерил Хана, Катрин Денев, Изабел Ипер, како и многу претставници на политичкиот и општествениот живот во Македонија: претседателите на Македонија (Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, Ѓорге Иванов) и многу други јавни личности како: Раде Шербеџија, Милчо Манчевски, Мики Манојловиќ, Мирјана Карановиќ, Столе Попов, и многу други.
  10. Годинава се одржува јубилејното 40то издание на фестивалот, а истиот стана препознатлив во кругот на филмските кинематографи и е вистински бренд на Битола. Не случајно Битола е ставена на листата на градови под заштита на УНЕСКО како филмски град.

 

Треба да знаете
Последни објави