Search

Хали Бери сподели ретка фотографија од ќерката и синот

Хали Бери на своите 6.8 милиони следачи на Инстаграм им даде редок поглед на нејзината ќерка Нала (13) и синот Мeјша (седум).

Во петокот, Бери објави фотографија на која се гледа како седи на живописна плажа заедно со нејзините деца додека гледаат во океанот, а објавата ја наслови: „Mоментите кои се најважни …“

Оскаровката (54 ) својот приватен живот го држи далеку од очите на јавноста, особено кога станува збор за објавување фотографии од нејзините деца на социјалните мрежи, и не ги покажува често нивните лица.

Треба да знаете
Последни објави