Search

Халанд: Петнаесет играчи ме убедуваа да се преселам на „Етихад“

Еден од најдобрите гол-играчи на денешницата во фудбалскиот свет Норвежанецот Ерлинг Халанд сезонава ја почна во свој стил и во новата средина, англискиот шампион Манчестер сити.

Норвежанецот по одличната епизода во Салцбург заигра на уште повисоко ниво во Борусија Дортмунд и беше само прашање на време кога ќе заврши во поголем клуб. На крајот „граѓаните“ се покажаа како најбрзи, најуспешни во трката за неговиот потпис со тоа што тимот од Манчестер подолго време едноставно работел на оваа зделка и тоа го открива самиот фудбалер.

-После тој натпревар (битката со Сити во ЛШ), мислам дека 15 луѓе ми пријдоа да ми кажат дека треба да дојдам кај нив. Стоунс, Рубен Диаш, Гундоган, Фоден, Де Брујне, -открива Ерлинг во документарецот „Халанд – голема одлука“.

Влијание врз одлукта имал и фактот што Пеп Гвардиола бил тренер на најдорбиот англиски состав.

-Никогаш не сум донел одлука за следниот клуб поради тренерот кој го води, но голем плус е што Пеп Гвардиола е во Сити, тој е најдобриот тренер во светот. Сити е најдобриот спортски проект во светот во моментов и тоа е местото каде што ќе можам да бидам најдобар -вели напаѓачот.

Неговиот татко, Алф Инге обелодени пак дека втора опција за Ерлинг бил Баерн Минхен по што следувале Реал Мадрид, ПСЖ…

-Мислам дека Манчестер сити беше најдобриот тим на нашата листа. Баерн е број два. На третото место е Реал, а по него е Пари Сен Жермен. Секако покрај Сити на списокот има уште неколку англиски тимови кои се доста добри – Ливерпул и Челси. Тука е и Барселона, сите се приближно по ист редослед -истакна постариот Норвежанец кој своевремено играше за клубот од „Еихад“.

Треба да знаете
Последни објави