Search

Халанд е најдобриот играч на месецот во Бундеслигата

Норвешкиот фудбалски интернационалец Ерлинг Халанд од редовите на Борусија Дортмунд е прогласен за најдобар играч во германското првенство за месец август. Младиот и корпулентен напаѓач Халанд (21 г.) во август успеа да се запише во листата на стрелците по трипати во победите на својот тим во дуелите против Ајнтрахт Франкфурт (5-2) и Хофенхајм (3-2).

Борусија оствари две првенствени победи во месец август и еднаш беше поразена од Фрајбург (1-2), а загуби и од Баерн во  германскиот Суперкуп (1-3).

Треба да знаете
Последни објави