Search

Хакиран информатичкиот систем на австралискиот парламент

Австралија обвини софистициран државен субјект дека е одговорен за хакирање на информатичкиот систем на парламентот, чии жртви биле и некои политички партии, само неколку месеци пред парламентарните избори.

Автралискиот премиер Скот Морисон изјавил дека државните безбедносни служби кои го истражуваат нападот, виделе дека цел на нападот биле и мрежи на некои политички партии, Либералната, Лабуристичката и Националната партија.

„Нашите експерти мислат дека софистициран државен субјект одговорен за тој злонамерен чин. Нашите безбедносни служби го отркија тој чин, сега работат на обезбедување на мрежите и на заштита на нивните корисници“ рекол Морисон, не именувајќи ниту една земја.

Австралиската Влада на 8 февруари откри дека информатичкиот систем на парламентот е загрозен во “инцидент“, но не соопшти за што точно се работи. Поради тоа корисниците на тие мрежи, па дури и премиерот и членовите на Владата, мораа да ги променат своите лозинки и да преземат други итни мерки.

Треба да знаете
Последни објави