Search

Хаваи забрануваат пластични чаши, кутии, шишиња, сламки

Хаваите би можеле да бидат првата американска држава, која ќе ја забрани употребата на пластични предмети во рестораните, а тоа ќе се случи доколку се донесе закон со цел да се намали отпадот, кој го загадува океанот.

Десетици градови во САД веќе одлучија да ги забранат пластичните кутии за храна или пијалаци.

Друг, поамбициозен предлог-закон предвидува дури и забрана за рестораните за брза храна и другите угостителски објекти дистрибуирање и користење пластични шишиња за пијалаци, сламки, стапчиња и кеси.

Активистите веруваат дека првата мерка има подобри шанси да биде усвоена.

Од друга страна, угостителите и бизнисмените велат дека новиот закон ќе ги натера да ги зголемат цените, бидејќи сè уште не е достапна добра алтернатива за пластиката.

Треба да знаете
Последни објави