Search

Фeникс го победи Далас, Индијана со втора петорка подобра од Вориорси

Финикс Санс во дербито во НБА-лигата славеше победа над Далас Маверикс 109:101. Санс во финишот успеа да дојде до победата откако во вториот дел влезе со негатива од 12 поени. Пресвртот го креираа Девин Букер и Крис Пол.

Букер мечот го заврши со 28 поени, шест скока и пет асистенции, Пол забележа 20 поени и 10 асистенции.

На спротивната страна Лука Дончиќ беше најефикасен со 28 поени, на кои придодаде по осум скока и асистенции.
Словенецот во финишот на првиот дел имаше потег со кој ги крена на нозе сите домашни фанови. Имено Словенецот прво уфрли два поени, па украде топка по што се звукот на сирената погоди тројка или севкупно даде пет коша за три секунди.

Финикс е лидер во лигата со 35 победи и девет порази, Далас е петти на Западот со 26 победи и 20 порази.

Индијана Пејсерс ја продлабочи кризата во која се наоѓа Голден стејт Вориорс. Без речиси целата стратна петорка, Пејсерс славеше во Сан Франциско 121:117.

Пејксерс дуелот го доби по едно продолжение откако Џастин Холидеј со тројка на шест секунди до крајот избори дополнителни пет минути. Во продолжението Пејсерс со серија 10:0 го реши победникот.

Стеф Кари го предводеше Голден стејт со 39 поени, Кевон Луни забележа 13 поени и 15 скока.

На спротивната страна Крис Дуарте предводеше група од седум играчи со двоцифрен број поени. Дуарте натпреварот со заврши со 27 поени.

Треба да знаете
Последни објави