Search

Фјури со порака до Усик: „Веќе претепав еден Украинец – ти си следниот!“

Победата на Тајсон Фјури во синоќешната пресметка со Дерек Чисора со технички нокаут во десеттата рунда беше само загревање за „Кралот на Циганите“ за многу потешкиот предизвик против Олександр Усик.

Украинецот ја следеше пресметката на стадионот на Тотнем во Лондон, а по крајот беше повикан да влезе во рингот, во кој веќе се најави неговата следна пресметка со Фјури. Британецот со микрофон во раката му се внесе в лице на Усик и не престана со прозивките и навредите кон Усик, додека овој воопшто не трепна.

„Ти победи бодибилдер (Џошуа), но јас не сум бодибилдер. Веќе му претепав еден Украинец (Кличко-н.з.), а ќе ти претепам и тебе“, рече Фјури во низата на прозивки на сметка на идниот ривал.

Фјури досега има 34 професионални борби во кои 33 пати победи, а само еднаш ремизира. Синоќа ја одбрани титулата во ВБЦ серијата во тешка категорија.

 

Треба да знаете
Последни објави