Search

Фјури два пати во нокдаун во мечот без победник, појасот останува кај Вајлдер

Американецот Дионтеј Вајлдер ја одбрани титулата во тешка категорија според ВБЦ верзијата откако мечот против британскиот боксер, Тајсон Фјури заврши без победник.

Во извонредна претстава во Лас Вегас, Британецот доминираше десет рунди, но два пати беше во нокдаун, што го чинеше победа. Затоа судиите имаа тешка работа па бодуваа на следнит начин: 115:111 за Вајлдер, 114:110 за Фјури и нерешено 113:113 .

Откако беше подобар во претходните рунди, Фјури се најде на подот во деветата рунда, а потоа и во 12.рунда, но успеваше да стане на нозе и да ја продолжи борбата.

Најблиску до победа Вајлдер беше во самиот финиш кога прво го разниша Фјури со десната, а потоа го легна со силно лево кроше. Британецот не се предаде и силно возврати, па Вајлдер имаше среќа што заврши мечот.

Се шпекулира дека ќе иа реванш, но на Вебли. Двајцата боксери остануваат непоразени во кариерата. Вајлдер до овој меч имаше скор  40-0 (39 со нокаут), а Фјури 27-0 (19 со нокаут).

https://twitter.com/twitter/statuses/1069105348529799168

Треба да знаете
Последни објави