Search

„Фуџифилм” развива нов тест за коронавирусот

Јапонската компанија „Фуџифилм” развива нов тест за коронавирусот што треба да овозможи резултатите да се знаат по само два часа од земањето на брисот.

Тестот за Ковид-19 ќе биде пуштен во употреба веќе на 15 април, јавија британските медиуми.

Новиот тест треба да овозможи резултатите да се знаат многу побрзо отколку досегашниот ПЦР тест, на кој му беа потребни од четири до шест часа.

Британските медиуми потсетуваат дека лекот за грип „Аваган”, исто така, на  „Фуџифилм”, во Кина се тестира како лек за коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави