Search

Фуџимори се враќа во затвор

Медицинска комисија утврди дека поранешниот претседател на Перу, Алберто Фуџимири (80) е доволно здрав за да се врати на отслужување на затворската казна, на која е осуден поради неговата улога во убиството на 25 луѓе.

Доскорешниот претседател на Перу, Педро Пабло Кучински во 2017 година го помилува Фуџимори од хумани причини, но Врховниот суд во октомври минатата година го поништи помилувањето. Сепак, Фуџимори успеа да го избегне затврот бидејќи беше хоспитализиран поради срцеви проблеми.

Судот вчера и наложи на медицинската комисија да утврди кое место е најдобро за Фуџимори да добива амбулантен третман.

Фуџимори е осуден на 25 години затвор поради проневера и кршење на човековите права за време на неговото владеење од 1990 до 2000 година.

Треба да знаете
Последни објави