Search

Фустан на принцезата Дајана продаден за 280.000 долари

Принцезата Дајана носела посебно дизајниран фустан на вечера во 1985 година во Белата куќа, кога танцувала со американскиот актер Џон Траволта. Фустанот го купила фондацијата која се грижи за кралската палата, за 280.000 долари.

Фустанот кој го дизајнирал Виктор Еделстин, во темносина боја, со голи рамења, а кој го носела принцезата Дајана, аукциската куќа „Кери Тејлор.Оушн“ го ставила на продажба. Вредноста на фустанот е проценета на цифра од 320.750 до 384.900 долари, но бидејќи не го достигнала тој износ, фондацијата понудила да го откупи по аукцијата.

„Продаден е по аукцијата по цена од 220.000 британски фунти. Продавачот е воодушевен и се надевал дека ќе остане во Британија“ навела аукциската куќа.

Фондацјата „Хисторик Ројал Палас“, која се грижи за палатата „Хемптон корт и Тауер оф Лондон“, како и јавните делови на Кесингтонската палата во која некогаш живееше принцезата Дајана, објави дека купила дел од историјата.

„Не само што фустанот „Траволта“ е фантастичен пример на луксузно шиење, чија цел била да воодушеви за време на државните посети, туку претставува и клучен момент во приказната за кралската мода во 20 век“ рекла кустосот Елери Лин од „Хисторик Ројал“.

Треба да знаете
Последни објави